АМАН ги собра граѓанските потписи!

Објавено на 14 јануари, 2013 во 15:00

 

Во рекорден рок, собрани се над 11.000 потписи за промена на Законот за енергетика. Граѓанското здружение побара од Државната изборна комисија да ја прекине постапката за собирање потписи.

Сега ДИК треба да се произнесе за барањата на „Аман“, а потоа да се собере материјалот од подрачните единици и во рок од три дена да се достави до Собранието.

„Аман“ предлага враќање на евтината дневна тарифа на струјата, како и поинакво плаќање на парното греење, односно граѓаните кои се откажале од парно да не плаќаат никаков надомест.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.