Грипот се шири и се очекува да зема замав!
Објавено: 15 јануари, 2013, во 08:38 часот
Заболени од грип, еден сомнителен случај за H1N1
Над 300 лица со симптоми на грип се пријавени од почетокот на месецот во Македонија, четири лица се потешко заболени, а кај едно лице е изолиран вирус од типот А.
Се уште не е дефинирано дали се работи за H1N1, свински грип или H3N2, изјави Јованка Костовска раководител на Сектор за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство.
Костовска очекува како и во останатите земји во регионот, како што е Србија, каде веќе е детектиран свинскиот грип, Косово каде имаше смртен случај, и во Македонија, покрај сезонскиот грип, да го има и овој тип вирус.
Во споредба со лани, бројот на заболени во земјава е помал, но се очекува допрва да се зголемува. Од 1 октомври 2012 досега, забележани се 900 случаи со симптоми на грип, од кои околу 300 по 1 јануари.
