Пристапувањето во ЕУ: Која е улогата на граѓанските организаци?!
На оваа тема денеска во Скопје ќе се одржи регионална работилница организирана од Балканската мрежа за развој на граѓанско општество БЦСНД и Институтот за европска политика ЕИП.
Целта на работилницата е да ја унапреди улогата на граѓанското општество во пристапниот процес, вклучително и во искористувањето на европските фондови, преку размена на искуства со државите членки од поширокиот регион – членки и кандидати за членство во ЕУ.
Свои излагања ќе имаат аналитичари и претставници од граѓанските организации од Македонија и регинот, меѓу кои Полонца Шега од Министерството за јавна администрација на Словенија и Адриана Дуту, советник на романското Министерство за јавни рабити, како и претставници на граѓански организации од Хрватска и од Црна Гора.