Атина ја одби поканата на еврокомесарот Филе
Објавено: 17 јануари, 2013, во 08:23 часот
Грција не сака трилатерална средба на македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи Поповски и Аврамопулос.
Нема потреба од ваква средба во период кога се чекаат претстојните состаноци со медијаторот на Обединетите Нации Метју Нимиц во Њујорк и кога треба да се види дали има перспектива за напредок, се вели во соопштението од грчкото МНР. Аврамопулос испратил известување до Филе во кое се вели дека суштината на преговарачкиот процес под посредство на Нимиц е обликувана од одлуките на Советот за безбедност на ОН и никако не е поврзана со Европската Унија и нејзините институции.
„Грција во принцип нема ништо против средби, но под услов да има добра подготовка и уште поважно, да постои уверување дека средбата ќе има ефект”, соопштува грчкото МНР.
Инаку, еврокомесарот Штефан Филе вчера испрати писмо до двајцата министри во кое предложи нова рамка со која Европската комисија би имала директен увид во процесот на преговори за името. Во писмото, Филе вели дека велта е да се надградат заклучоците за Македонија.
Шефот на македонската дипломатија веднаш го префати овој предлог.
