Внимателно возете!
Објавено на 18 јануари, 2013 во 08:00
Поради врнежите од дожд во поголемиот дел од државата сообраќајот се одвива по влажни коловози.
На повисоките места има слаби врнежи од снег.
Почеста појава на одрони може да го попречи движењето на возилата на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово. Таму треба внимателно да се вози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Задолжително е носењето на зимска опрема во возилата.