Пензионерите, бесплатно во болница!

Објавено на 18 јануари, 2013 во 08:46

Пензионерите со пензии до 10.870 денари бесплатно ќе се лекуваат во болница. Ова право ќе можат да го користат околу 120.000 пензионери што земаат потпросечна пензија, а партиципацијата за нивното болничко лекување ќе ја покрива Министерството за здравство. За таа намена од Буџетот на Република Македонија се одвоени 37 милиони денари.

Претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери Драги Аргировски рече дека пензионерите се презадоволни од новата мерка на Владата со која покрај бесплатното користење на јавниот градски превоз и можноста за бесплатна бањска рекреација им се овозможува бесплатно болничко лекување.

– Како здружение баравме од Владата да одобри бесплатно здравство за сите пензионери со над 65 години старост, но сметаме дека оваа мерка е многу подобра од бараната. Со оваа мерка се опфатени 120.000 пензионери, а доколку се усвоеше нашето барање бенефит ќе имаа само околу 30.000 пензионери, рече Аргировски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.