Фридом Хаус: „Македонија и натаму делумно слободна“!

Објавено на 2 мај, 2013 во 13:04

Според извештајот на Фридом Хаус за слободата на медиумите, кој беше објавен вчера во Вашинготн, Македонија е во групата на делумно слободни земји.

На скалата од 0 до 100, Македонија  има 56 поени. Директорката на проекти за слободата на медиумите при Фридом Хаус Карин Карликер, во разговор за Гласот на Америка, оценува дека генерално, политичката состојба во Македонија е мошне поларизирана и тоа се одразува на медиумите.

Во врска со актуелната дебата за новиот закон за медиуми, Карликер оценува дека на Македонија и треба саморегулирачка средина во новинарството.

Според овој извештај најслободни медиуми има во Норвешка и Шведска. Најмала медиумска слобода има во Северна Кореја и Туркменистан. Фридом Хаус оценува дека, генерално, во светот лани е забележан пад на медиумската слобода.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.