Ќе се менува врменската зона за спас од кризата?
Владата со промена на временската зона ќе се бори против кризата. Се размислува во земјава да биде воведена временска зона како во регионот.
Работното време пресметано по примерот на Грција и Бугарија ќе направи заштеди во буџетот на компаниите и домовите на граѓаните.
Академиците од МАНУ во првичната анализа за министерството за економија рекле дека со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред ќе се зголеми искористеност на енергетските ресурси и капацитети во индустријата и домаќинстава.
Од стопанската комора пак предупредиле на транспортниот сектор кој може да биде најпогоден. Промената на времето според сојузот на стопански комори различно би влијаело кај групациите и еснафите, особено во трговскиот сектор.
Дали сепак владата ќе одлучи да ја промени временската зона треба да се знае до 15 јуни. Ова е рокот до кога сите институции ќе треба да достават анализа за тоа како ќе влијае промената времето од средно европско во источно европско или од плус еден на плус два часа од Гринич.
Искористувањето на дневната светлина ќе биде најголемиот бенефит за граѓаните.