МВР ќе купува специјални возила!
Министерството за внатрешни работи објави тендер за набавка на две специјални возила кои полицијата ќе ги користи за одржување на јавниот ред и мир при поголеми нарушувања. Ќе се купат две цистерни со водени топови.
Од министерството објаснуваат дека набавката е во врз база на анализи на потребите, како и по сугестии од праксата која ја имаат полициите на Европската Унија при постапување во случаи на нарушување на јавниот ред и мир од поголем обем.
„Специјалните возила содржат резервоари за вода од некоридирачки матeријал со цел да се овозможи транспорт на вода за пиење, резервоари за течна ЦС материја (солзавец), боја и пена. Возилата “цистерните” имаат систем за самозаштита од долната страна на секое тркало како и ситем за заштита на возилото од луѓе. Исто така, возилата содржат еден или два топа чие управување е автоматско со покривање на целиот радиус околу возилото, со вградена заштитна камера во спрега со водениот топ и заштитна камера од задната страна на возилото”, стои во соопштението од МВР.