Министерството уредува како ќе се распознава медицинскиот персонал!
Лекарот ќе носи бел мантил, сестрата ќе биде облечена во светло син мантил, болничарот во светло сив, а техничкиот персонал во црвен или бордо комбилизон со јасно означување дека се работи за техничка служба, рече на денешната промоцијата министерот за здравство Никола Тодоров.
Протоколот за начинот на вршење на здравствената дејност во здравствените установи од организациски аспект – Хоспитална култура се регулира и начинот на комуникација доктор-презиме, сестра-име, сестрата да треба да го најави пациентот пред да влезе кај докторот и веднаш да излезе, зачувувањето на професиналната и деловна тајна, почитувањето на титулата, забрана за повишување на тонот, финансиското работење, примањето на подароци, начинот на телефонска комуникација, водењето на приватни телефонски разговори, нивното максимално траење, телефонирањето во странство и сл.
Целта на Протоколот е подигнување на нивото на услужливост и подобрување на односот кон пациентите со акцент на односот лекар-пациент, односите меѓу лекарите во установата, но и дефинирање на односнот пациент-лекар, а е обврзувачки за сите вработени во Јавните здравствени установи.
При последната посета на Велес и мониторингот над работата на болницата новинарите го прашаа министерот Тодоров како распознава со кого од медицинскиот персонал разговара кога сите носат бели мантили, од лекар до хигеничар. Тој тогаш рече дека набрзо ќе се воведе ред со работните одела на работниците во здравството.