Со камери против крадците на стоматолошки клиники!
Објавено на 22 мај, 2013 во 19:44
Раководството на Стоматолошките клиники му се пожали на ресорниот министер, Никола Тодоров дека во изминатиот период од посетителите биле украдени над 50 чешми од тоалетите. Се крадел и течен сапун и тоалетна хартија.
„Ќе има камери и ние ќе им помогнеме за тоа. Од набавката што ја правиме ќе одделиме и за овој центар“ им одговори Тодоров на луѓето од раководството.
Освен што ќе ги открива крадците во тоалетите, Тодоров одлучи и да привлече повеќе пациенти, но да ги задржи и старите. За таа цел набавени се 20 нови стоматолшки столици и еден рентген апарат за потребите на клиниките..