Протести против екстерното тестирање и во Прилеп!
Објавено на 22 мај, 2013 во 20:07
Прилепските основци и средношколци вечерва се собраа во центарот на градот кај Камената бина со цел да го искажат својот револт кон одлуката за екстерно тестирање.
И покрај тоа што учениците се држеле под клуч во училиштата, сплотени и добро организирани присуствуваа на протестот и ја подржаа одлуката за бојкот на екстерното тестирање.
Беше постигнат договор наредниот протест да го направат на денот на просветителите, 24 мај, пред Камена Бина во Прилеп кога заедно со останатите ученици од градовите ширум Македонија ќе го упатат последниот апел до Министерот за образование да ја повлече одлуката и да нема екстерно тестирање./ А.Д