Македонија треба да добие датум за преговори!
Eврокомесарот за проширување Штефан Филе рече дека Македонија може да премине во следната фаза на евроинтеграциите додека зборуваше по извештајот на известувачот за Македонија, Ховит на заседанието вечерва на Европскиот Парламент. Известувачот Филе порача дека најодговорна е владата на Груевски каде се наоѓа клучот за евроинтеграцијата на Македонија.
Неговото излагање предизвика жестоки и очекувани противења на дел од европратениците, од Грција и Бугарија, кои тврдат дека нема демократски капацитети и напредок кај Македонија како и за пристрасност во извештајот.
Европратеничката Дорис Пак смета дека Грците се тие кои спорат за името ,не прифаќаат компропмис а со тоа ја блокираат Македонија.
Европратеникот Јелко Кацин ја повика Македнија да го одблокира процесот и да прифати компромис за решение за името.
По извештајот на Ховит европарламентот ќе гласа утре, попладне.