Денеска врнежи, грмежи и ветер!
Објавено на 23 мај, 2013 во 06:26
Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ке дува засилен југозападен ветер.
Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 8°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 17°C до 26°C.
Во Скопје ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура од 12°C, а максималната дневна ќе достигне до 23°C.