Во Рим почнува манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“!
Во Италија и Светата Столица, во дводневна посета, по повод манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“ престојува македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски. Вечерва во базиликата „Сан Џиовани деи Фиорентини“ ќе одржи хорот „Свети Климент Охридски“.
Молебенот на гробот на свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ ќе се одржи утре, а со службата ќе чиноначалствува митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар. Потоа македонската делагација ќе биде примена од папата Франциско. Претседателот на Собранието Вељаноски и собраниската делегација ќе се сретнат со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Тарчисио Бертоне.
Актерот Петар Темелковски вечерта ќе ја изведе монодрамата „Јустинијан I“, по текст на Јордан Плевнеш.
Поклонението на гробот на Свети Кирил во Рим е централниот настан во чествувањето на Денот на просветителите Кирил и Методиј. Првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил и оттогаш секоја година на 24 Мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација. Традиционално, 24 Мај беше Ден само на образовните институции и просветните работници, а од 2007 година тој е и државен празник на Република Македонија.
Годинава се одбележуваат 1144. години од смртта на сесловенскиот просветител Свети Кирил.