Екстерното тестирање ќе го подобри квалитетот во наставата!?
Екстерното тестирање нема потреба да создава став и паника велат од Бирото за развој на образованието. Реакцијата уследи откао учниците овие денови протестираа во повеќе градови и рекоа НЕ за екстерното тестирање.
Од Бирото за развој на образованието велат дека учениците не требало да се плашат затоа што ќе полагаат материи кои што ги учеле во минатата година. Олеснителна околност бил и начинот на кој ќе се решавале тестовите. Учениците ќе одговараат компјутерски , а секое прашање, од вкупно 30, ќе имаат понудени дури 4 опции на одговор.
Од министерството за образование велат, преку екстерното тестирање ќе се обезбедат јасни, прецизни и објективни податоци кои ќе го даваат правецот како и каде да се применуваат реформи во образовниот систем во иднина. На национално ниво овој вид на тестирање ќе обезбеди објективни и еднакви стандарди за сите ученици, учители, наставници и училишта.
Оваа реформа во образованието владата најави дека ќе се реализира во партнерство со Синдикатот, учениците, родителите и училиштата со цел сите да имале бенефит.
Тестирањето ќе се одржи од 27 мај до 10 јуни, а ќе бидат опфатени 15 000 наставници и 200.000 учениции тоа од четврто одделение до третта година од средно образование.