Штрајкуваа стечајците од Куманово!
Објавено на 23 мај, 2013 во 21:33
Стечајците од Куманово и денеска два часа протестираа и го блокираа влезот на Куманово. Според нив, тоа бил единствениот начин да ги потсетат надлежните на нивните нерешени проблеми, но и на барањето за месечен паричен надоместок на околу десет илјади граѓани во државава.
Стечајците најавија дека наскоро ќе допатувале пред Влада каде ќе кампувале се додека не бидат исполнети нивните барања. Денешниот протест бил само предупредување за тоа што ќе се случувало во Скопје.