Учениците излегоа на улица-не сакаат екстерно тестирање!
Објавено на 24 мај, 2013 во 15:14
На министерот за образование Панче Кралев му дадоа два дена да се предомисли и да запре екстерното тестирање. Ако тоа не се случи во понеделник учениците рекоа дека ќе ги бојкотираат тестовите.
Министерството за образование останува на ставот дека екстерното тестирање ќе се спроведе и покрај протестите на учениците.
Ќе започне во понеделник и ќе трае до 10-ти јуни. На тестирањето ќе полагаат околу 200 000 основци и средношколци. Нема да се тестираат само учениците од прво до трето и матурантите.
Постигнатите оценки ќе влезат во општиот успех на учениците.