Традиционално планинарско искачување на Титов Врв!
Објавено на 25 мај, 2013 во 07:50
На највисокиот врв на Шар Планина „Титов Врв 2013“, денеска и утре ќе се реализира 32-рото планинарско искачување. Традиционалната манифестација ја организира планинарскиот клуб „Љуботен„.
Планинарските друштва денеска ќе пристигнат на Попова Шапка. Утре наутро планинарите ќе се упатат кон Титов Врв. Тие ќе пешачат околу четири и пол часа за да се искачат на надморска висина од 2747 метри. Покровител на Манифестацијата е Електрани на Македонија.
„Љуботен“ е најстариот активен планинарски клуб во Македонија, кој постои од 1925 година. Во изминатите 31 искачување учествувале 19.200 планинари. Оваа година се очекува врвот да го искачат над илјада планинари.