Ангелов: Вељановски нема право иницијативата да ја прогласи за беспредметна, без расправа!
Достоинство се зачудени од отфрлањето на сите 4 иницијативи за референдум од страна на претседателот на Собранието но уште повеќе од формулацијата „дека се беспредметни предлози“, пренесе А1.он.
-Сакаме да го потстиме Вељаноски да го причита членот 67. од Законот за реферндум каде пишува дека претседателот кога ќе утврди дека иницијативата е уредна ќе го извести во рок од три дена овластениот предлагач. Доколку утврди дека е неуредна, прашањето за иницијативата ја става на дневен ред на Собранието, но не подоцна од 15 дена. Сметаме дека нема право вака да ја прогласи иницијативата за беспредметна. Ако за него се беспредметни прашањата, за нас се од национално значење, изјави Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство.
Од партијата побараа Вељаноски да го почитува Законот за референдум и четирите прашања да ги стави на дневен ред на седница. Соопштија дека нема да се откажат од намерата и дека го чекаат одговорот од Уставниот суд по однос на уставноста за забраната за референдум за одредени прашања.
Во иницијативата на Достоинство се бара референдум за четири прашања-за територијалната поделба за Кичево и Струга, за автентично толкување на Законот за амнестија, припадници на УЧК да не можат да вршат високи функции и ветераните на ОНА дали може да добијат права утврдени со закон.