Едногодишно дете заразено со ХИВ вирусот!
Еднoгодишно дете од Скопје е заразено со ХИВ вирусот, кој му го пренела неговата мајка уште додека било во утробата, пренесува порталот „Плусинфо“.
Случајно било откриено заболувањето кај детето. Тоа и неговата мајка се меѓу седумте новорегистрирани случаи во Македонија, во последните три месеци. Од нив две лица имаат СИДА, додека пет се ХИВ позитивни. Сите се од Скопје а најголем дел се мажи, на возраст од 20 до 29 години.
– Четири од овие седум новорегистрирани вирусот го добиле по хетеросексуален пат , еден случај е од мајка на дете, а во два случаи станува збор за МСМ пренос – вели д-р Жарко Караџовски, епидемиолог во Институтот за јавно здравје.
Епидемиолозите очекуваат, до крајот на годинава, во Македонија бројката на ХИВ позитивни да се искачи на 10 до 15 заболени лица.