Сончево со умерена облачност!
Објавено на 28 мај, 2013 во 06:38
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.
Кон крајот на денот во западните делови ќе има локален краткотраен дожд.
Температурата ќе се движи од 17 до 29 степени.
Во Скопје слично време, со температура до 26 степени.
УВ-вредноста ќе изнесува 6.