Кралев поднесе оставка, Спиро Ристовски на негово место!?
Спиро Ристовски е предлогот на премиерот Никола Груевски да биде наследник на досегашниот министер за образование Панче Кралев кој поднел оставка.
Кралев во оставката до премиерот наведува дека се повлекува од лични и семејни причини. Не бил во можност целосно посветено да ги реализира проектите кои се планирани за следниот период.
Диме Спасов е предложен за нов министер за труд и социјална политика. Тој во моментот е актуелен директор на скопскиот Катастар.
За нов министер без ресор е предложен Џери Наумов, додека на испразнетото заменичко-министерско место во локална самоуправа Ѓорѓија Сајкоски.
Заменик- министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски неодамна беше избран за советник во Општина Карпош, а потоа и за претседател на Советот на Општината.
Предлогот на премиерот за избор на новите министри ќе биде ставен на утрешната седница на Собранието, како дополнување на дневниот ред.