Здравствените установи треба да аплицираат за обнова на дозволата за работа во мрежа
Согласно Законот за здравствената заштита во тек е постапката со која постојните здравствени установи имаат обврска да поднесат барање за обновување и продолжување на дозволата за работа во мрежа или надвор од мрежа.
Како што информираат од Лекарската комора на Македонија, крајниот рок на поднесување на документите е 29 јуни годинава.
Сите здравствени установи до Министерството за здравство потребно е да достават : Барање за обновување и продолжување на дозволата за работа во мрежа или надвор од неа; Довола за работа на здравствена установа издадена од Министерство за здравство – копија; Тековна состојба од Централен Регистар; Листа на опрема која се користи во здравствената установа; Имотен лист на објектот на здравствената установа не постар од 15 дена – (за објектите кои се наоѓаат во Здравствените домови имотниот лист не е потребно да се доставува), Скица на просторот на здравствената установа (исцртан простор со назначување на квадратурата на секој дел посебно), Договор за плаќање на здравствените услуги со ФЗОМ за оние здравствени установи кои работат во мрежа.