Иванов го откажа самитот во Охрид!
Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, го откажа свамитот на шефови на држави членки на процесот за соработка во Југоисточна Европа, како и форумот за дијалог меѓу цивилизациите, кои викендов требаше да се одржат во Охрид и во Струга.
Тој истакна дека Македонија се подготвувала за самитот цела година со цел да ги донесе на иста маса лидерите од Балканот кои требаа да дискутираат на теми од висок интерес за граѓаните во регионот.
– Нема да дозволам преку грбот на Македонија да се прекршуваат старите балкански предрасуди и да се поткусуруваат интересите на балкнските држави, а цената да ја плаќа Македонија. Предизвиците се решаваат со дијалог, а не со бојкот. Македонија не сака да биде набљудувач, уште помалку учесник во игрите со вета и бојкот, истакна Иванов, изразувајќи надеж дека час поскоро ќе имамеме поинаков, поевропски Балкан.
Иванов рече дека ова е јасен сигнал и за Европската унија, кој ја отсликува реалноста на Балканот.
–Оваа одлука ја донесов и за да не се манипулираат граѓаните на Македонија и регионот. Конечно дојде денот кога некој треба отворено да признае дека регионалната соработка е исправена пред сериозен предизвик-додаде Иванов.
За ваквата одлука пресудно беше откажаното учество на албанскиот претседател Бујар Нишани во знак на протест затоа што на Самитот не беше поканета претседателката на Косово Атифе Јахјага.
Претходно, учеството го откажаа и претседателите на Бугарија и Грција.