Извадено телото на загинатиот планинар!
Денеска на пладне сепцијалната хеликоптерска единица на МВР заедно со специјално обучени лица за дејствување во планински услови на ДЗС го извадија телото на загинатиот битолски планинар кое беше пронајдено во провалија на Баба Планина во месноста Големо Езеро.
Во изјава за МИА, портпаролот на СВР-Битола Магдалена Димитровска потврди дека телото за починатиот П.К. роден 1981 година во Битола е предадено на обдукција во Клиничка болница со цел утврдување на причините за несреќниот настан на Пелистер.
„Утрово околу 03.30 часот во СВР-Битола беше пријавено дека е пронајдено мртво тело на 32 годишниот битолчанец П.К., кое било лоцирано во провалија во близина на Големо Езеро на Баба Планина. Сега веќе починатиот П.К. заминал на планинарење и последен телефонски контакт остварил во текот на вчерашниот ден во 13.30 часот. Неговите родители испратиле пријатели да го пронајдат П.К. и го пронашле во провалија длабока околу 30 метри, рече за МИА портпаролот на СВР Битола Магдалена Димитровска и додаде дека телото на планинарот е предадено на обдукција.