И полицајците ќе плаќаат билети во јавниот превоз!
Објавено на 5 јуни, 2013 во 16:33
Тие не смеат повеќе да се возат гратис во градските автобуси на ЈСП. Државата не им одбивала од плата за јавен транспорт, па така и тие се должни да купат билет.
Со забрзана постапка за наплата на казни ќе се соочат патниците кои се затечени во автобусите без билет. Контролорот е должен да му понуди на секој патник, затечен без билет, во автобусот да купи но по цена од 200 денари за градска или 300 денари за приградска средина. Ако не сака тогаш ќе му биде направен записник и ќе биде упатен да се жали пред Управниот суд.
Во последниве три дена, контролотите, во јавните градски автобуси во Скопје откриле 46 патници без билети.