Сонце, облаци и дожд во текот на денот!
Објавено на 6 јуни, 2013 во 06:15
Метеоролозите за претпладне најавуваат сончево време со локална облачност, а попладне повторно ќе има нестабилност со локални врнежи од дожд,
Утринските температури ќе се движат од 8°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°C односно до 29°C. УВ индекс 6.
Во Скопје во четврток претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 11°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 26°C. УВ индекс 6
Дождот и темните облаци ќе ги има до сабота. За од недела се прогнозира стабилизација на времето и повисоки температури.