Протести за законот за прекин на бременоста!
Објавено на 6 јуни, 2013 во 06:31
Граѓански здруженија и денеска ќе протестираат пред Собранието на Македонија бидејќи сметаат дека предлог законот за прекин на бременоста ги ограничува правата на жената.
Тие сакаат да испратат јасна порака да не дискутира за овој закон, како и до министерството за здравство, како предлагач, да го повлече законот.
Во нивното соопштение кое се врти по социјалните мрежи се вели дека овој закон ниту е истиот како оној од ’72 година, ниту ќе го подобри здравјето на жената.
Токму напротив овој закон само ќе ги ограничи жените во слободно донесување на својата одлука за прекинување на бременоста. Овој закон не е подготвен во транспаретна процедура, а најмалку се прашани жените поточно оние на кои се однесува.