И денеска сонце и облаци, од недела стабилизација!
Објавено на 8 јуни, 2013 во 06:22
Времето денеска претпладне сончево со локална облачност, попладне нестабилно со локални врнежи од дожд.
Претежно сончево во текот на целиот ден ќе се задржи во централните предели и во југоисточните предели.
Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 9°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°C односно до 30°C. УВ индекс 7.
Од недела започнува стабилизација на времето. Ќе биде сончево со локална облачност и топло. Максималните дневни температури од 21°C до 31°C.