Тропски температури и денеска!
Објавено на 20 јуни, 2013 во 06:17
Сончево и многу топло со тропски температури ќе биде и денеска.
Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Утринските температури од 13°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 30°C до 39°C. УВ индекс 8.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Слаб северен ветер. Утринската температура од 18°C, а максималната дневна ќе достигне до 36°C.