САД ја пофали Македонија за борбата против трговијата со луѓе!
За ефикасна борба против трговијата со луѓе и криумчарење мигранти потребна е поголема посветеност на сите земји од регионот, смета министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Според последниот извештај на Стејт департменотот, Македонија во целост ги исполнува стандардите за борба против овој вид криминал, но земјата се уште се користи како транзит за жртвите на трговијата со луѓе.
-Ова е резултат на континуирани акции но, не може да се избегне околноста дека најголем број до жртвите доаѓаат од Грција која за жал не гледаме дека работи посветено на решавање на овој проблем, рече Јанкуловска.
-Македонија јасно покажа дека има капацитет да ги спроведе правните механизими за спречување на трговијата со луѓе, рече Брајан Агелер, заменик амбасадор на САД во Македонија.
Минатата година биле поднесени четири кривични пријави во седум случаи за трговија со луѓе, а 34 кривични дела за криумчарење мигранти во кој биле пријавени 70 сторители меѓу кои и неколку полициски службеници кои им помагале на групите при пренесување на мигрантите низ земјата. Исто така биле откриени и 415 миграните од кои повеќето потекнуваат од Африка и Азија. Истовремено биле донесени и измени во законот за соодветна заштита на жртвите.