Груевски на самит во Виена побара подршка за Евроатланските интеграции на земјава!
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска на маргините на самитoт на Европската народна партија , во Виена оствари средби со високи функционери на ЕПП, со повеќе премиери на земји-членки на ЕУ од редот на Европската народна партија , а неформална средба имаше и со германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува 24 вести.
– Ја искористив оваа прилика да се сретнам и со голем број од присутните тука, да поразговараме неформално за прашањата кои што не засегаат и кои што се важни за Република Македонија. Во таа смисла имав кратка средба со Мартенс, со Лопез секретарот на ЕПП, со Жозеп Дол, шеф на парламентарната група на ЕПП во ЕП.
Пораката која што за нас е важна да се испрати и во контекст на главниот проблем, кој што не окупира поврзан со блокадата, која што ја имаме за нашето членствово ЕУ и во НАТО од страна на нашиот јужен сосед, но и пошироко за други прашања што се значајни за нас, изјави Груевски.
извор: 24 вести