Пробиени тестовите за екстерното тестирање!?
Преку социјалните мрежи, средношколците ги добиле тестовите по физика, хемија и биологија, и тоа за прва и трета година.
Телма вечерва објави дека до нивната редакција пристигнал тест по македонски јазик. Сето ова говори дека тестовите за екстерното тестирање се пробиени.
Како што пренесе Телма, обвинувањата ги отфрлиле од Државниот испитен центар, а дел од директорите на училиштата не сакале да ги коментираат тврдењата на ученици дека тестовите се пробиени.
„Им било чудно, како што ни рекоа некои од нив кои сакаа да останат анонимни, дека средношколците завршиле со решавањето на тестовите по македонски, физика, хемија и билогија за само 15 минути, а особено биле изнадени кога подеднакво брзо одговориле на прашањата и учениците со ниски оценки“, пренесува Телма.
ЛДП смета дека „последиците од овој неквалитетен проект ќе бидат штетни и долгорочни по сите субјекти вклучени во процесот“.