Сончево и многу топло!
Објавено на 21 јуни, 2013 во 07:01
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. На планините со мала до умерена локална облачност и со услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Температурата од 26 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец.
Температурата до 36 степени.