Погребан Роберто Беличанец
Објавено на 30 јуни, 2013 во 17:17
На новите градски гробишта во Прилеп денеска попладне беше погребан Роберто Беличанец, директорот на Центарот за развој на медиуми, кој почина ненандејно синоќа од срцев удар во Скопје.
Аналитичарот и дежурен критичар на власта, Беличанец беше испратен од неговото семејство, неговите пријатели и поддржувачи со стихови од Блаже Конески.
Професорот и режисер Владимир Милчин се обрати во името на Граѓани за европска Македонија, чиј член беше Беличанец, а Саше Ивановски говореше во име на новинарите.