Три години затвор за Бучковски!
Три години затвор за Владо Бучковски, исто толку за поренешниот началник на Генерал Штабот, Методија Стамболики и за директорот на МЗТ ФОП, Митре Петковски. Две години затвор добија Нелко Менкиновски, а исто толку и за поранешниот државен советник во Министерството за одбрана, Ацо Ѓурчевски.
Ова е конечниот епилог на судскиот процес во кој поранешниот премиер беше обвинет за злоупотреби при набавки, во времето кога беше министер за одбрана во вредност, во вредност од два милиона евра, јави Алфа.
Ова е пресудата изречена утрово за случајот со набавките на резервни тенковски делови. Ова е втора првостепена пресуда, откако апелација првата ја укина и ја врати на ново судење. Со првата Бучковски беше казнет со 3.5 години затвор. Стамболиски тогаш доби 3.5 години, а другите обвинети добија две и пол години.