Лустрирањето на Јаневски е манипулација?!
Член на Комисијата за верификација на фактите, Чедомир Дамјановски, изјави дека лустрираниот академик само давал изјави за квалитетот на пишаните дела на колеги од неговата бранша.
„Денеска ги отворив документите за личноста која беше лустрирана на последната седница, а станува збор за поранешен академик. Нема ниту еден документ и тоа го тврдам со кој може да се посочи или заклучи дека тој имал соработка со тајните служби од идеолошка или политичка природа“, рече Дамјановски.
Македонската академија на науките и уметностите ја отцени постапката на комисијата како внатрешен удар врз македонскиот национален идентитет. Иницијаторот и изготвувач на законот за верификација на фактите, Стојан Андов, изјави дека лустрацијата на академикот Јаневски е само шокантна вест која го прикрива поразот на државата на меѓународен план.
„ Тоа е една штетна и неодржива политика за Македонија, но мислат дека на тој начин го привлекуваат вниманието и успеваат да манипулираат со свеста на луѓето … Сето ова само докажува дека секој сериозен потфат за унапредување на демократијата властите се способни да го претворат во најгруба манипулација и да го сведат на карикатура“, изјави Андов за Радио Слободна Европа.
Л.С.