Од утре стариот начин на издавање на рецепти!
Програмерски куќи се викнати на итна средба, вечерва во 18 часот во Министерството за здравство, поради блокираниот системот што доведе до тоа лекарите да не можат да ги упатуваат пациентите на специјалист, а не функционира ниту електронското препишување на рецепти, пренесе Новатв.
Од утре се враќа стариот начин на препишување на рецепти, со тест проба се до 1-ви август кога треба да бидат отсранети сите недостатоци.
-Во текот на денешниот ден се забележани неколку маргинални проблеми и за истите би сакале да им се извиниме на сите оние кои поради овие недостатоци имале непријатности во реализацијата на нивните потреби и истите ги реализирале со потешкотии или не успеале воопшто се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Од Министерството потенцираат дека денеска биле разменти над 1 500 000 податоци, а детектираните проблеми се должеле на неусогаласеноста и неоптимизираноста на програмските пакети на лекарите со софтверот на Министерството за здравство.