Се уриваат монтажните тераси на кејот на Дрим!
Специјализирана фирма ангажирана на тендер од општина Струга, започна со уривање на нелегално изградените тенди, конструкции и тераси на кејот од реката Црн Дрим, пренесе Охрид њуз.
Акцијата која се спроведува со асистенција на полицијата тече без проблеми, а дел од сопствениците на угостителските објекти сами ја демонтираат поставената опрема.
Градоначалникот на Струга, Зијадин Села, уште на почетокот од својот мандат најави дека ќе ги ослободи узурпираните шеталишта од урбана опрема и ќе ги уреди.
Радио Слободна Европа пренесе дека објектот „Блу Скај“ на струшкиот бос Дилавер Бојку Леку, изграден пред неколку години на кејот на реката Црн Дрим, повеќе го нема.
Стружани будно ја следеа акцијата и пројавија голем интерес за уривањето на објектите на еден од најпознатите стружани во последната деценија.