Назад на пишаните рецепти
Објавено на 3 јули, 2013 во 09:46
Новиот електронски здравствен систем ќе се тестира уште еден месец, а во меѓувреме ќе функционира стариот систем.
Откако системот за електронско издавање на рецепти, упати и лекови падна, здравствените услуги вчера се вршеа по стариот – пишан систем.
До Министерството за здравство пристигнале многу поплаки, но нема никој кој ќе ја превземе одговорноста. На првиот ден од системот многу болни останаа без своите лекови или закажани прегледи.
Новиот систем ќе биде на тест-период до 1 август. Се до тогаш, се ќе функционира како и порано.
Л.С.