За новинарот Кежаровски реагира Народниот правобранител!
Притворениот новинар Томислав Кежаровски е во лоша психичка состојба, има ускратено правото да излезе на чист воздух, наместо 2 часа дневно само по 20 минути, како и задоцнета достава на платен дневен печат, им соопшти денеска zаменикот Народен правобранилет Трипун Танушевски на преставниците на Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот од притвор.
Танушевски го посетил Кежаровски во притворското одделение во Шутка како преставник на Канцеларијата на Народниот правобранител чии претставници беа во посета на притворениот новинар.
кежаровски се помирил со лошите услови во затворот, но не и со доцнењето или недобивањето на весниците кои ги плаќал.
Народниот правобранител поднел преставка до Управата на извршување за санкции. Се уште не е истечен предвидениот рок од 15 дена за одговор.
За лошата психичка состојба на Кежаровски претходно информираше и неговиот адвокат Филип Медарски а напиша и сопругата на новинарот на фејсбук профилот.