Утре пеколно жешко, од петок заладување!
Објавено на 3 јули, 2013 во 16:26
Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне во западните планински предели можна е изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 8 до 17 Целзиусови степени, а дневната од 26 до 34 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 31 Целзиусов степен.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Од петок следува период од неколку дена кога во попладневните часови ќе има можности за нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.