Добиена првата битка за турските демонстранти
Објавено на 4 јули, 2013 во 13:15
Нема да има реконструкција на плоштадот Таксим во Истанбул.
Турскатиот суд го блокираше проектот кој беше поддржан од турскиот премиер, Реџеп Ердоган. Во судската одлука стои дека реконструкцијата не е во јавен интерес.
Овој план беше почеток за револт, кој брзо премина во масовен протест од многу причини против турскиот премиер. Во протестите загинаа четири лица, а повеќе од 7.000 се повредени.
Од Комората на архитекти која ја поднесе судската тужба велат дека одлуката била донесена уште на почетокот на јуни. Нејасно е зошто дури сега им се презентира на демонстрантите.
Л.С.