ОМ:Власта преку судот ја уби правдата!
Објавено на 12 јули, 2013 во 17:32
Обединети за Македонија со реакција на денешната пресуда во случајот Ровер и 12-годишната затворска казна за поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.
„Денеска беше со судска пресуда отстрелана слободата на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, но овојпат за разлика од порано со рафална стрелба на судот беше убиена слободата и на останатите обвинети без докази. Власта демонстрирајќи моќ , преку судот денеска ја прати пораката до секој граѓанин: „Или прифатете го нашето едноумие, или сте мета за отсрел на нашиот суд“, се наведува во соопштението на Обединетите за Македонија.