Експертите сметаат дека лустрацијата политички се злоупотребува!
Експертите ги оценуваат последните постапки на Комисијата за верификација на факти како политичка злоупотреба во која страдаат демократските процедури, пишува Радио Слободна Европа.
Како што пренесува овој медиум, Стојан Андов, кој е иницијатор на првиот закон, ја нарече лустрацијата изместена и упати остри забелешки за работата на Комисијата. Законот требаше да спречи на јавни функции да останат или да дојдат некои што соработувале со тајните служби, но наместо свртување кон иднината, овој закон што е во функција се претвори во тенденциозно свртување кон минатото, коментира Андов.
Преквалификации на личности, умрени личности итн., фактички се прави една огромна штета во државата. Оние кои сакаат да се објават можеа да донесат закон, не лустрација, туку како во Бугарија што направија, да ги објават службите и никаква лустрација тоа да не е, секој да си извлече заклучок за себе и готова работа. Мене ми го нудеа тој концеп и јас им го одбив.