Локум фест во Битола
И оваа година во рамките на најдолгото културно лето „Бит фест ” со поддршка од Општина Битола и покровителот Градоначалникот М-р Владимир Талески, се одржува 7-то издание на Локум фест-музика и традиција во Организација на -Центар за културна деконтаминација.
Свеченото отварање беше пред многубрoјната битолска публика во срцето на Битола на плоштадот Магнолија.
Програмата е разновидна и годинава. „Саем на ракотворби, „Антикварница на отворено”, Саем на млади претприемачи, Изложба на стари фотографии и секако престижна музичка програма со гости од Данска, Финска, Норвешка, Унгарија, Словенија…
Битолската чаршија беше место во кое постоеја и сеуште постојат дел од занаетчиските дуќани.Град надалеку познат по оваа традиција,а со овој фестивал се зачувува истата-истакна Ѓорѓи Кочовски, претседател на занаетчиската комора.
Традиционално како и секоја година Битолчани беа послужени со локум а за добрата атмосфера се погрижи група Калабалак.
Фестивалот се одржува од 17-20 Јули на Плоштадот Магнолија и во срцето на старата битолска чаршија.
Текстот е превземен од ТВ ТЕРА