Пронајдени мигранти во Лојане, кумановско!
Објавено на 19 јули, 2013 во 11:20
Пет лица се приведени, а 30 – тина мигранти се пронајдени при претреси на 10 објекти, во рамките на акцијата на специјалните полициски единици денеска изутрина во кумановското село Лојане, јави Радио Слободна Европа.
Од МВР потврдиле дека акцијата на специјалните полициски единици започнала околу 8.30 часот има за цел разбивање криминални групи кои криумчареле мигранти.