Општините треба да назначат инспектори за домување
Објавено на 19 јули, 2013 во 11:26
За целосно и непречено спроведување на Законот за домување општините е потребно да востановат регистри на станбени згради и станови, регистри на управители, но и да назначат инспектори за домување, рече министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски.
Тој нагласи дека според податоците од последниот попис во Македонија има околу 10.000 станбени згради, а околу 50 отсто од нив се управувани согласно со Законот за домување.
„Вкупниот број на станбените згради што се управувани од страна на управител или на заедница на сопственици изнесува 4.577. Има регистрирано 2.968 заедници на сопственици и 1.609 згради што се управувани од лиценцирани управители“, рече Јанакиески.