Кежаровски ќе штрајкува со глад
Објавено на 19 јули, 2013 во 14:31
Новинарот Томислав Кежаровски, кој е во притвор веќе два месеци, од понеделник ќе штрајкува со глад, потврдува за НОВА неговата сопруга Марина Кежаровска.
И покрај тоа што истрагата е завршена, со што тој не може да влијае врз сведоци, како што беше образложенено, тој се уште е во притвор. Не помогнааа ни гаранциите со недвижности кои ги понуди неговата сопруга.
Ако денеска до пладне не се стретне со судијката која го води процесот против Кежаровски, сопругата соопшти дека тој ќе започне да штрајкува со глад.